Почетна / Спорт / BBC го прогласи Алиоски за најдобар дефанзивен во групната фаза.

BBC го прогласи Алиоски за најдобар дефанзивен во групната фаза.

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски се наоѓа во дрим-тимот на групната фаза од ЕВРО 2020 што денеска го објави британскиот медиумски магнат ББЦ.

Читателите на порталот на ББЦ спорт имаа можност да ги оценуваат фудбалерите на европскиот шампионат со максимална оценка 10, при што во предвид беа земени само играчи кои настапиле минимум по 60 минути на барем две од трите натпревари за своите селекции.

Она што е интересно, Алиоски и покрај трите порази на Македонија е најдобро оценет дефанзивец во групната фаза од ЕВРО 2020, со просек 8,19. Зад него се наоѓа левиот италијански бек Спинацола со 7,77, пред данскиот капитен Симон Кјаер со 7,75.

Најдобар голман е Каспер Шмајхел од Данска (7,41), кој доби повеќе гласови од велшкиот чувар на мрежата Дени Ворд (7,18).

Најдобар просек од сите има Кевин де Бруине од Белгија (8,36), а во средниот ред има место и за Вајналдум, Локатели како и за соиграчот на Алиоски од Лидс, Полјакот Клих.

Она што е симптоматично е што во нападот нема место за најдобриот стрелец во групната фаза, Кристијано Роналдо. Португалецот остана на просек од 7,2 и покрај петте постигнати гола, а пред него се најдоа Чиро Имобиле од Италија, Александер Исак од Шведска и Ромелу Лукаку од Белгија.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брзинска трка на Пониква

Викендов на патеката кон рекреативниот центар Пониква се возеше втората ридско-брзинска трка од државниот шампионат во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *