Почетна / Свет / “Lockdown“ еден месец за малолетници

“Lockdown“ еден месец за малолетници

Уште една „lockdown“ забава што се одржала во саботата во Антверпен, овој пат организирана од страна на малолетни лица, резултираше со домашен притвор за седумтемина организатори.

Белгиската полиција ги уапсила седумте организатори на оваа „ковид забава“ во саботата вечер. Тие ја поминале ноќта во полициска станица и однесени се пред судија во неделата наутро.

Одреден им е делумен домашен притвор на седум деца. Тие нема да смеат да го напуштаат нивниот дом еден месец, од 18 часот до седум часот наутро.

Родителите на малолетниците сметаат дека одлуката на судот е непропорционална и премногу строга, јавуваат денеска медиумите.

Од страна на обвинителството се бранат дека правилата налагаат приведување пред суд во случај на отпор при апсењето или повторување на делото.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сопственик на златарница ги уби ограбувачите.

Двајца разбојници се убиени во обид за ограбување на златарница во селото Гринзане Кавур во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *