Почетна / Занимливости / Summer beach festival N.7

Summer beach festival N.7

Многу размислувавме дали во услови на Корона вирус треба да се одбележи годишнината од повторното отворање на Ангелс кафе и да се продолжи настанот СБФ7.
Имаше поделени мислења, но на крај сите заклучивме дека животот мора да продолжи и дека е потребен некој убав настан кој малку ќе внесе енергија и радост кај младите.
Ќе остане запазена агендата како од годините- во 3 дена да настапат неколку бендови и ДЈ-и, само што оваа година поради ситуацијата и неможноста да се патува тоа ќе бидат домашни артисти и стални настапувачи во Ангелс кафе.
Согласно протоколот сакаме да Ве известиме дека бројот на гости ќе биде ограничен. Ќе се примаат толку гости колку што има столчиња во локалот. Без претходна резервација со точен број на лица, нема да може да се присуствува. Влезот за малолетници ќе биде забранет во текот на денските и вечерните забави.
Драги пријатели,
Можеме да бидеме совесни, да се грижиме за здравјето и да си поминеме убаво со добра музика и друштво кое го знаеме. Нема да има гужва како од годините, но ако сите со себе ја понесеме убавата енергија и добро расположение, можеме повторно сите заедно да направиме настан кој ќе се памети.
Успехот на еден човек е да се прилагоди и да биде среќен во секоја настаната ситуација.
Затоа Ве очекуваме на 27-ми Август (четврток) во 21 часот кога ќе почне СБФ7 да се дружиме се до недела 30-ти Август кога ќе го одбележиме крајот. Изборот на артисти ќе биде објавен наскоро.
За сите информации следете не на нашите профили на фб и инстаграм.

ANGELS CAFE.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мајкл Даглас во домашен, има ментални проблеми.

Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс важеа за еден од најхармоничните парови, но како што се …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *